Zulu Real Estate е агенција за недвижности со седиште во Куманово, формирана на 13.02.2021 година како подружница на Zulu Travel Дооел, подружница ДВА (Агенции за недвижен имот).
Основач и управител на агенцијата е Дамјан Ѓорѓевски, кој со визија и посветеност го постави темелот на професионална и транспарентна работа во областа на недвижностите.
Со повеќе од четири години активно искуство, Zulu Real Estate успеа да се позиционира како сигурен и квалитетен партнер на пазарот.
Фокус
Нашиот фокус е клиентот и секогаш се стремиме да обезбедиме комплетна услуга – од првата средба до комплетно завршена продажба или изнајмување на имотот.
Мисија
- да обезбедиме професионална, брза и ефикасна услуга
- да изградиме доверба преку транспарентна и коректна работа
- да понудиме врвна презентација и маркетинг на вашите имоти
ZULU ESTATE во медиумите
МРТ - Македонска Радио Телевизија
Редовно сме присутни на МРТ – Македонска Радио Телевизија, каде редовно ги споделуваме ставовите за пазарот на недвижности и најдобрите практики за купување и продажба на имот.
KumanovoNews.com
„Моментална состојба на пазарот на недвижности е стабилна и покрај покачувањата на цените. До каде ќе одат поскапувањата зависи од многу фактори, а пред се од куповната моќ на граѓаните. Побарувачката се одвива исто како и пред економска криза, има мал дел и факторот што во Куманово голем број од граѓаните работат или работеле во странство, но далеку од тоа дека тоа ја диктира зголеменоста на цената. На глобално ниво животниот стандард е енормно покачен од пред неколку години во сите сфери од економијата, а последиците ги чуствуваат буквално сите бизнис сектори“,
— изјави Дамјан Ѓорѓевски, сопственик на агенцијата Zulu Real Estate за Kumanovonews.